За Русија станавме Северна Македонија

Руската федерација го прифати новото име на нашата земја и од денеска ќе ни се обраќа како Република Северна Македонија. На 19 февруари, руската амбасада во Скопје добила белешка од Министерството за надворешни работи на владата во Скопје за новото име на државата.

Последично, Москва ја признава земја под новото име: „Република Северна Македонија”, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

На официјалниот сајт на руската амбасада во Скопје сеуште пишува дека сме Република Македонија.