Родител пријавил дека детето му било повредено во градинка


Двегодишно дете од Штип било повредено при престојот во градинка, според пријавата на родителот.

Како што соопшти МВР, случајот во полиција вчера попладне го пријавил таткото на детето, 23-годишниот Г.З. од Штип.

Родителот Г.З. пријавил дека на петти јули го однел неговото двегодишно дете во градинка во Штип и околу 14:30 часот, кога отишол да го земе, забележал дека детето има повреди и веднаш реагирал кај вработените. Потоа заминал со детето  во ординација за детски болести во Штип.

Полицијата информира дека презема мерки за целосно расчистување на случајот.