Радоњиќ нов тренер на Баерн


Дејан Радоњиќ ќе го предводи Баерн Минхен до крајот на сезоната, објави денеска кошаркарскиот бундеслигаш.

Црногорскиот тренер на клупата на баварскиот тим и официјално, ќе го наследи Александар Ѓорѓевиќ кој доби отказ по елиминацијата во полуфиналето на Еврокупот.

Според договорот со Баерн, Радониќ ќе има можност за продолжување на договорот за уште една година.

– Со нетрпение чекам да почнам со работа во БаернИмав неколку понуди во последните месеци, но се одлучив за тимот со кој верувам дека ќе го освоиме германскиот шампионат.

Последен агажман на Радониќ му беше во Црвена ѕвезда со која има по три титули во Србија, АБА лигата и Купот на Радивој Кораќ.