Пукање во Чаир: По едно лице се трага

Полицијата ги соопшти деталите околу престрелката што вчера се случи во скопската населба Чаир. По еден од пукачите сè уште се трага.

Околу 19.10 часот пред маркет на ул. „Лазо Трповски“ во Скопје поради нерасчистени должничко-доверителски односи, настанала расправија помеѓу Б.Б. (23) и Р.Б. (20), двајцата од Скопје, од една страна и К.И. (51) од Скопје од друга страна. Во еден момент К.И. извадил пиштол, а Р.Б. се обидел да му го турне пиштолот од раката на К.И., информираат од МВР.

Притоа, К.И. почнал да пука кон Б.Б. и Р.Б., но тие успеале да побегнат и да останат неповредени. После тоа и К.И. го напуштил местото.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на К.И. и за целосно расчистување на случајот.