Пронајдени човечки коски во дворот на Црква во Грачаница

Косовската полиција соопшти утрово дека во дворот на православна црква во селото Сушица, општина Грачаница, се пронајдени коски, за кои се претпоставува дека се човечки, јави дописникот на МИА од Приштина.

– На 21 јули, околу 14 часот и 10 минути, во село Сушица, општина Грачаница, при изведување работи во дворот на црквата, пронајдени се телесни останки, за кои се претпоставува дека се човечки коски, се наведува во соопштението на локалната полиција, кое го објави Радио Грачаница.

Откако е извршен увид од надлежни лица на местото на настанот, коските се однесени во Институтот за судска медицина во Приштина за натамошна анализа.