Прободен 25 годишен кавадарчанец


Дваесет и петгодишен кавадарчанец вчера од сограѓанин бил прободен со остар предмет. Поради сериозноста на повредите, повредениот е пренесен во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје.

Од МВР соопштија дека од Итна медицинска помош Кавадарци било пријавено дека на улицата „Тиквешко Востание“ било земено лицето Ј.М. со убодни рани од остар предмет. Тој бил пренесен во Јавната здравствена установа Кавадарци каде му биле констатирани тешки телесни повреди и поради сериозноста на повредите бил префрлен во Клиниките во Скопје.

Повредите му биле нанесени од лицето Г.С. (38) од Кавадарци. Напаѓачот бил приведен во Полициската станица Кавадарци и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.