Пријава за полов напад врз малолетно дете во Ѓорче Петров


Полов напад врз дете од страна на лице на возраст меѓи 60 и 65 години е пријавен вчера во полициската станица Ѓорче Петров.

Како што соопшти МВР,  Н.Т. од Скопје пријавил дека вчера околу 8:00 часот во населбата Ѓорче Петров неговото малолетно дете било пресретнато од непознато лице на возраст од околу 60-65 години. Според пријавата, непознатото лице извршило полов напад врз детето.

За настанот бил известен јавен обвинител. Се преземаат мерки и активности за расчистување на настанот.