Притвор од 30 дена за 70-годишниот педофил од Прилеп
Притвор од 30 дена му е одреден на 70-годишниот прилепчанец кој изврши полов напад врз петгодишно девојче.
Во денешниот полициски билтен се наведува дека против 70-годишниот С.Ч. е поднесена кривична пријава поради сомневање за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“.
Случајот во полиција го пријави 23-годишната мајка на девојчето. Старецот ги извршил половите дејствија врз девојчето додека тоа си играло на улицата „Никола Карев“ во Прилеп.