Прилепчанец пријавил дека му украле ранец со 8,8 милиони денари
Прилепчанец пријавил во полиција дека тројца разбојници му го украле ранецот во кој имал 8,8 милиони денари.
Според информациите од МВР, вчера во Струга во 14,20 часот Д.З.(26) од Прилеп пријавил дека на улицата Битолски конгрес физички бил нападнат од страна на три непознати лица кои потоа го испрскале со солзавец и му го земале ранецот. Според пријавата, во него имало 8.800.000 денари.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.