Призна вина: Две години затвор и 19 милиони евра казна за Кристијано Роналдо за затајување данок


Кристијано Роналдо во судот во Мадрид призна дека затајувал данок и ја прифати казната од 23 месеци затвор, како и да плати глоба од 18,8 милиони евра, јавува РТ.

Сепак, со оглед дека кршење на законот не е од насилна природа, изречената затворска казна, најверојатно, ќе значи дека Роналдо нема да оди зад решетки бидејќи во Шпанија тоа е можно доколку пресудата предвидува казна затвор помалку од две години. Сепак, еден од најдобрите фудбалери на денешницата, доколку сака да остане на слобода, ќе мора да плати речиси 19 милиони евра голба.

Во 2017 година, Роналдо, кој настапуваше за Реал Мадрид, беше обвинет за затајување данок во висина од околу 14,8 милиони евра.

Роналдо во судот во Мадрид допатува со својата партнерка Ѓорѓина Родригез.