Приведен разбојник на „Халк банка“

Полицијата го уапси Е.М. (29) од Скопје, поради сомневање дека учествувал во неодамнешниот грабеж на експозитура на „Халк банка“ во скопската населба Бутел.

Според документираните сознанија од истрагата, пријавениот заедно со уште две, засега непознати лица, на 03.11. околу 09,25 часот на улицата „Александар Урдаревски“ извршил разбојништво врз четири вработени во банката и врз еден од клиент, при што одзел околу 1.200.000 денари.

Како што МВР претходно информираше околу овој настан, сега пријавениот Е.М. заедно со две непознати лица дошле во близина на експозитура на „Халк Банка“, ставиле фантомки на главите и влегле во банката, при што Е.М. и едно од двете лица извадиле пиштоли упатувајќи закана по живот кон вработените барајќи да им ги дадат парите. За време на извршувањето на кривичното дело одзеле 1.150.000 денари пари од банката и уште 50.000 денари пари на оштетениот клиент кој во тоа време се затекнал во банката, по што тројцата сторители избегале во непознат правец.
По ова од страна на полициски службеници од Одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција Чаир преземени се сеопфатени оперативни мерки и активности, при што Е.М. е лишен од слобода и приведен во ПС ОН Гази Баба.