Приведен и Бетмен

Богдан Илиевски, или познат во јавноста како Бетмен Велит, еден од организаторите на протестите „За заедничка Македонија“ попладнево е спроведен во кривичниот суд поради упадот во Собранието што се случи на 27 април.

Тој од неодамна е член на Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција денеска соопшти дека предистражната постапка за настаните од 27 април е завршена. Од таму велат дека по разгледување и анализа на прибраниот доказен материјал, Обвинителството донело наредба за спроведување истражна постапка против 36 лица поради основано сомнение за сторено кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Во моментов пред Кривичниот суд приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ протестираат против денешните приведувања. Таму е и лидерот на партијата, Никола Груевски.