Приведени 29 албански државјани кои непријавено работеле во Тетовско

Во полициска акција на две локации во Тетово и село Џепчиште изутрината биле откриени и приведени вкупно 29 албански државјани кои работеле како градежни и земјоделски работници.

Како што информира МВР, денеска во периодот од 5:00 до 6:00 часот од страна на полициски службеници од СВР-Тетово спроведена е акциска контрола за откривање и законско санкционирање на странски државјани кои непријавено престојуваат и работат на тетовското подрачје. Притоа на две локации во Тетово и во село Џепчиште биле откриени и приведени вкупно 29 албански државјани кои работеле како градежни и земјоделски работници.

Лицата биле приведени во полициска станица по што биле предадени на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за понатамошна постапка.