Приведени пет девојки и газдата во ноќен бар во Желино
Во периодот од 23.00 часот на 05.08.2018 до 03.00 часот на 06.08.2018 година полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово, извршиле акциска контрола во угостителски објект во село Желино, сопственост на Ј.Ф. (41) од село Желино.
При контролата во објектот биле затекнати пет женски лица од кои три странски државјанки (две од Република Албанија и една од Косово) и две македонски државјанки. Сопственикот на објектот и лицата биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка.