Претседателот Иванов во официјална посета на Турција
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата Маја Иванова, од денеска престојува во официјална посета на Република Турција.
Претседателот Иванов во Анкара, како што соопштија од неговиот кабинет, ќе биде примен со највисоки државни и воени почести и ќе оствари билатерална средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган и со претставници на турскиот државен врв. Во рамки на посетата, претседателот на Република Македонија ќе положи венец во Мавзолејот на Кемал Ататурк во Анкара.
За време на официјалната посета на Република Турција, македонскиот претседател пред членовите на Советот за високо образование на Република Турција и ректорите од сите државни и приватни универзитети на Република Турција ќе одржи предавање на тема „Предизвици на високото образование во третиот милениум“,
Претседателот Иванов, во Истанбул, ќе се обрати на отворањето на Светскиот форум на бизнис ангели, во чии рамки ќе му биде доделена наградата за Светско лидерство, по повод прогласувањето на „Школата за млади лидери“, како најдобар социјално одговорен проект во Европа за 2017 година.