Престрелка во Бутел, повредени четири лица

На ул. „Бетовенова“ во населбата Бутел во Скопје, денеска дошло до физичка пресметка, најверојатно поради нерасчистени имотно-правни односи, помеѓу браќата Ј.И. и Ј.И. и нивниот зет за сестра Е.Д. од една страна и браќата Џ.Д. и А.Д. од другата страна.

Лицата Ј.И., Ј.И. и Е.Д. дошле пред куќата на Џ.Д. по што дошло до физичка пресметка. А.Д., кој во тој момент доаѓал со патничко возило „пасат“ и видел што се случува, со возилото удрил во Ј.И., Ј.И. и Е.Д., а потоа со пиштол пукал двапати во воздух. Од ударот со возилото повредени се Ј.И., Ј.И. и Е.Д., а од физичката пресметка повреден е Џ.Д.

Пиштол и две чаури биле пронајдени на самото пместо.

Полициски службеници веднаш по пријавата излегоа на местото на настанот и се преземаат мерки мерки за расчистување на случајот.