Премиерите од регионов на 27 август гости на Рама во Драч

Во албанскиот пристаништен град Драч, на 27 август, премиерите на земјите од регионов ќе имаат заедничка средба.

Домаќинот, албанскиот премиер Еди Рама, колегите од Македонија, Црна Гора, Бугарија,Грција, Хрватска,Косово и Србија, ќе ги пречека во владината вила.

На средбата ќе присуствуваат и високи претставници на Европската унија, а главна тема на средбата ќе биде расправата за подготовка на заеднички регионални проекти поттикнати од берлинскиот процес.

Средбата ќе биде со идентичен формат,како и првата средба одржана исто така во Драч на 26 август, а на која присуствуваше и македонскиот премиер Зоран Заев.

Покрај премиерите на државите од регионот, на ланската средба одржана на 26 август,во Драч беше и комесарот за проширување на Европската унија Јоханес Хан и потпретседателот на Светска Банка за Европа и Централна Азија Сирил Милер.

Според албанските медиуми, се уште нема потврда дали ќе има претставник на оваа значајна финасиска институција,на престоојната средба,на 27 август.