Прегазен велосипедист во Гостивар

Седумдесет и тригодишен жител на гостиварското село Чајле го загуби животот во сообраќајка што во саботата околу 13.45 часот се случи на булеварот „Гоце Делчев“ во Гостивар. Од МВР информираат дека Б.Ќ. (66) од Гостивар, управувајќи патничко возило „фиат темпра“ со гостиварски регистарски ознаки, удрил во велосипедистот А.Р. (73) од Чајле. По незгодата, велосипедистот со такси возило бил пренесен во Медицински центар Гостивар, каде му биле констатирани лесни телесни повреди, но бидејќи не се чувствувал добро бил задржан на понатамошно испитување.

„По кратко време, А.Р. со болничко возило, бил пренесен во Клиничкиот центар Скопје, каде што починал во неделата околу 06.15 часот“, велат од полицијата.

По увидот, телото на починатиот е предадено за обдукција. Истрагата е во тек.