Првиот ден на Курбан Бајрам, 21 август, неработен за граѓаните од муслиманската вероисповед
Првиот ден на Курбан Бајрам, 21 август (вторник), е неработен за граѓаните од муслиманската вероисповед во Република Македонија согласно Законот за празниците на РМ, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Министерството на граѓаните од муслиманската вероисповед во Република Македонија им го честита празникот Курбан Бајрам.