Почнува „Иновамак 2018“
Изложувачи од 20 држави се очекува да се претстават на Вториот меѓународен саем на патенти, пронајдоци, иновации и нови технологии „Иновамак 2018“ што ќе се одржува од денеска до 23 септември во Домот на АРМ.
Саемот го организира Националната асоцијација на пронаоѓачите на Македонија (NAIM) која е полноправна членка и единствен легитимен претставник на земјава во Светската федерација на асоцијации на пронаоѓачи (IFIA).
IFIA е покровител на „Иновамак 2018“, а поддршка обезбедија Министерството за одбрана, Фондот за иновации, Државниот завод за индустријска сопственост, Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) и приватни компании.
Саемската манифестација предвидува награди: златни, сребрени и бронзени, како и медали, плакети, пехари, дипломи и благодарници.
До крајот на годинава НАИМ ќе настапи на саемите во Канада, Русија и Бугарија, а во постапка се договорања и за настапи на саемите во три индокинески држави.