Почна судењето на Јанкулоска за „Тенк“

Во Кривичниот суд во Скопје почна одново судењето на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која е една од обвинетите во предметот „Тенк“ за набавката на луксузниот мерцедес.

Во судницата е присутна обвинетата Јанкулоска, а претседателка на судечкиот совет е Добрила Кацарска. На Јанкулоска ѝ се суди во раздвоена постапка бидејќи имаше ризична бременост и беше на породилно боледување.

Јанкулоска пред судот рече дека има измени во нејзините податоци и дека сега е мајка. На ова судијката Кацарска му посака добро здравје на бебето.

Адвокатот Боро Тасевски побара одложување на постапката сѐ додека Апелацискиот суд не донесе одлука по жалбата на поранешниот премиер Никола Груевски за овој предмет. За жалбата на Груевски на првостепената одлука, со која тој доби 2 години затвор, скопска Апелација закажа јавна седница за утре и задутре.

Случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинтелство се однесува за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра. За овој случај веќе е осуден поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски на шест години и пол години затвор, а ла Груевски како поттикнувач за извршување на делото е осуден на две години затвор.