Почна судењето за предметот „ТНТ“ за уривањето на комплексот „Космос“


Во Кривичниот суд денеска почна судењето за предметот „ТНТ“ на СЈО, кој се однесува на уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот и претседател на Партијата за европска иднина Фијат Цаноски.

На рочиштето присуствуваат поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, поранешниот министер за траснпорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски, кои се обвинети во „ТНТ“.

Во судот е Фијат Цановски, сопственик на урнатиот комплекс „Космос“.

Во овој предмет, покрај Груевски, Јанакиески и Трајковски, обвинети се уште четири лица.

Судијата Огнен Ставрев на почетокот ги одби барањата на адвокатите рочиштето да не се снима визулено и тонски, по што обвинителите од СЈО го започнаа воведното обраќање.

Советот за оценка на обвинителен акт при Кривичен суд на 17 ноември минатата година го прифати обвинението за случајот „ТНТ“.

Апелацискиот суд на 4 ноември минатата година одлучи прислушуваните разговори во случајот „ТНТ“ да можат да се користат како докази во судската постапка.