Почина и вториот параглајдерист кој беше повреден во Крушево

Почина и вториот параглајдерист кој денеска беше повреден и префрлен на лекување во болницата во Прилеп.

Тој се здоби со тешки повреди по пад кај Мечкин камен, во Крушево, а вечерва им подлегна на повредите.

Наталија Спирова началник на оделение за односи со јавјист при МВР, за МИА, потврди дека двајцата параглајдеристи се странски државјани, од кои едниот е со украинско, а другиот со британско државјанство.

Трагичниот настан се случил денеска околу 12:40 часот, кога двајцата параглајдеристи паднале кај Мечкин Камен. Едниот загинал на самото место, а вториот со тешки повреди беше префлен во Прилепската болница.

Од МВР, засега не соопштуваат други детали за настанот.

Полицијата направи увид на местото на несреќата.