Починати 23 лица од грип во Хрватска

Во Хрватска оваа сезона од грип починаа 23 лица, меѓу кои три помлади од 50 години, а околу 15.000 се пријавени случаи заразени од грип, покажуваат најновите податоци на Хрватскиот завод за јавно здравство.

– Грипот е со слични симптоми како минатата година, кога траеше седум недели. Сезонава грипот трае три-четири недели, па може да очекуваме дека ќе биде присутен барем уште три, изјави директорот на Националниот центар за грип Владимир Драженовиќ.