Полицаец нападнат со нож во обид да спречи тепачка меѓу гостиварци и скопјани

Во обидот да спречат тепачка, која избувнала меѓу четворица мажи, бил повреден еден полицаец, а негов колега избегнал убод со нож.

Како што велат од МВР, вчера во 19.35 часот било пријавено дека на игралиштето на место викано Јурија, во Скопје, имало нарушен јавен ред и мир со тепачка.

„М.Ш.(21) и Ф.Н.(20) од Гостивар од една и С.А.(23) и И.К.(49) од Скопје од друга страна го нарушиле јавниот ред и мир. Во текот на нарушувањето оштетено било и едно патничко моторно возило „пежо“ со скопски регистерски таблици. При интервенирањето на полициски службеници Ф.Н. замавнал со нож и истиот го фрлил кон еден од полициските службеници, но полицискиот службеник успеал да се оттргне. При приведувањето на лицата бил повреден полициски службеник во пределот на ногата. По целосното расчистување и документирање на настанот ќе следат соодветни поднесоци, информираат од МВР.