Пожар во куќа во Струмица

Пожар избувна попладнево околу 13 часот во куќа на улицата „8 март’“ во Струмица, во местото викано „Дупена чешма“. Повредени нема, причинета е само материјална штета.

Спорд командирот на Територијалната притивпожарна единица на Струмица Александар Гудев, пожарот е брзо угаснат со две противпожарни возила и седум пожарникари, а една повозрасна жена поради претпазливост е префрлена во струмичката болница на преглед.

Во тек е увид за утврдување на причините за пожарот.