Повторно пожари во Грција, евакуирано село на Пелопонез

Село во западниот дел на грчкиот полуостров Пелопонез беше евакуирано откако во близина избувна шумски пожар, кој почна да се приближува до семејните куќи, објави „Катимерини“.

Деведесет пожарникари, со 30 противпожарни возила се борат со пожарот во Дафниотиса, во близина на градот Амалијада, потпомогнати од три противпожарни авиони и еден хеликоптер.