Повреден стружанец во кафетерија во Струга

Педесетгодишен стружанец се здобил со тешки телесни повреди по напад од негов сограѓанин во угостителски објект во Струга.

СВР Охрид соопшти дека вчера 30 минути по полноќ во угостителски објект лоциран на улицата „Ристо Крле“, нарушен е јавниот ред и мир.

-Р.Д.(50) од Струга, се здобил со телесни повреди што му биле констатирани во Општата болница. Тој, најнапред вербално, а потоа и физички бил нападнат од Б.Д.(50) од Струга, по што веднаш заминал од кафетеријата, појасни портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски

По целосно документирање на настанот, Полициската станица од Струга, против Б.Д. ќе поднесе соодветна пријава.