Повредени две лица во железничка несреќа кај Демир Капија

Како што наведуваат од МВР, вчера околу 18 часот било пријавено дека на потегот од стојалиштето Дуброво и железничката станица Демир Капија, на отворена пруга, при дефект на товарен воз дошло до железничка несреќа.

„Со намера возот да се отстрани од пругата, дошло до железничка незгода, односно од непозната причина машината удрила во другата машина од товарниот воз, при што едната осовина излегла од шините. Повредени се две лица од возниот персонал на кои лекарска помош им била укажана во Градската општа болница Неготино“, велат МВР.

Увид ќе се врши од страна на Полициска станица Неготино и комисија од Македонски железници. Патничкиот и товарниот сообраќај бил во прекин од 18:00 часот на тој дел од пругата. Во 01:50 часот железничкиот сообраќај бил нормализиран.