Перез: Одлуката на Зидан е голем удар за мене


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез призна дека одлуката на тренерот Зинедин Зидан за напуштање на клубот е неочекувана за него. Денес на ненајавена прес-конференција францускиот фудбалски стручњак објави дека ја напушта тренерската функција.

– По триумфот во Лигата на шампионите, ова е многу неочекувана одлука, но можеме да ја прифатиме само со почит. Тоа беше удар за мене кога дознав за тоа. Би сакал да го убедам Зинедин, но јас разбирам дека тоа нема да се случи. Сакам да му се заблагодарам на тренерот за се што направил за Реал Мадрид во изминатите години. Не велам збогум, само кажувам, до следната средба. Ако му треба малку одмор, тој го заслужува тоа, изјави претседателот на Реал Мадрид.

Зидан го предводеше Реал до девет титули вклучувајќи ги и трите последователни во ЛШ од 2016 година кога дојде на тренерската позиција.