Патот Битола – Ресен затворен во два правци поради сообраќајка

Поради сообраќајна несреќа на превојот Ѓавато кај црквата „Св. Богородица“ сообраќајот на магистралниот пат Битола – Ресен е затворен за сообраќај во двата правци.

Возилата се пренасочуваат по стариот пат од Битола за Ресен.

Сообраќајната несреќа за МИА ја потврдија припадниците на сообраќајната полицијата кои се на местото на настанот. Според нив, нема жртви во сообраќајната несреќа.