Парламентот на Србија избра членови на Комисијата за последиците од НАТО бомбардирањето

Српскиот Парламент денеска ги избра членови на Комисијата за истрага на последиците од бомбардирањето на НАТО во 1999 година, со задача да утврди како нападите влијаеле врз здравјето на граѓаните и животната средина во Србија.

За претседател на Комисијата е избран Дарко Лакетиќ, пратеник од владејачката Српска напредна партија (СНС) и претседател на парламентарната Комисија за здравство.

Потпретседател ќе биде претседателката на Комисијата за заштита на животната средина Ивана Стоилковиќ, исто така од СНС.