Павел: НАТО сака стабилна, целовита и безбедна Европа

НАТО соработува со Евроспката унија, бидејќи негова цел е стабилна, целовита и безбедна Европа, изјави денеска во Белград претседавачот на Воениот комитет на Алијансата, генерал Петр Павел.

По средбата со српскиот министер за одбрана Алексадар Вулин, Павел изјава дека ги разбира чувствата на Србија кон НАТО, но додаде дека низ исотијата има многу случаи кога непријатели по завршување на конфликтот станувале пријатели.

„Мораме да најдеме начини како да соработуваме, како да излеземе од историјата и да создадеме нови врски што ќе не зближуваат“, рече Павел, додавајќи дека е секогаш задоволен по средба со партнерски земји со кои постои „план за иднината“.

Павел нагласи дека Алијансата не стравува од влијанието на Русија во Србија, но дека е загрижена кога тоа „ја преминува границата и прераснува во мешање“.

„Имаме бројни примери на руско мешање во многу земји на НАТО, вклучувајќи ги и САД, Германија, Чешка и Франција. Не е проблем кога Русија го шири своето влијание, но проблем е кога тоа ширење ја преминува границата и се претвора во мешање во внатрешните работи на суверени држави“, нагласи Павел.