Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Можеби чувствувате дека е тешко да продолжите и да го оставите познатото и сигурното зад вас. Сепак, нема потреба од такви размислувања. Во текот на денот ќе се уверите дека пријателите се тука кога ви требаат и заеднички ќе ѝ се препуштите на некоја авантура.

БИК: Денес се враќате на сцена, со нови и иновативни идеи. Внимавајте на склоноста кон правење недолични забелешки за другите и не им се потсмевајте. Доколку, пак, почувствувате со некој гест дека вам ви се исмеваат, знајте дека тоа е сигнал да продолжите напред. Фокусирајте се.

БЛИЗНАЦИ: Направете пауза во која добро ќе размислите како понатаму. Решавањето на проблемите ќе во донесе олеснување и непристрасно ќе дојдете до ситуации што ќе ги подобрат вашите животни услови. Добро е да се повлечете од проблемите кои не се во ваш домен.

РАК: На мистериозен начин се остваруваат убави шанси и сега се перчите како некоја птица со скапоцени пердуви. Прекрасен ден за патување, прошетка и дистанца од емоционалната тензија. Сосема јасно ѝ гледате на реалноста во очи, ни малку заплашени од мистеријата наречена живот.

ЛАВ: Месечината во Водолија ќе ве донесе до позиција да се повлечете со цел другите да напредуваат. На тој начин ќе дојдете до авторитет. Успех е кога можеме да им помогнеме на останатите, а при тоа да не бараме никаква заслуга за себе. Бидете широкогради.

ДЕВИЦА: Размислувате на која страна да се упатите – пред вас се големи шеми и планови, но ќе успеете да изберете правилно, бидејќи ќе избирате автентично. Ова е вашиот знак денес. Интензивна самодоверба и свесност, здобиена по тешко здобиената мудрост. Поддршка од блиските.

ВАГА: Во вас сè уште постојат силни ресурси и внатрешна моќ, за која ниту знаете дека постои. Бидете решителни, сетете се на старата приказна за мечот во камен и дејствувајте со голема самоувереност. Ако, пак, се случи некој да ве навреди, простете и продолжете напред.

СКОРПИЈА: Сега ви е јасно сè и нема потреба за понатамошно објаснување. Во енигмата лежи предизвикот, како и нагонот да се разбере и знае додека има волја за живот. Крај на еден циклус и трансформација. Промена во интимните врски, како и средби со сродни души.

СТРЕЛЕЦ: Со весел и спонтан дух си лебдите поголемиот дел од денот. Можеби ви е тешко да ги увидите последиците на кажаните зборови или дела, затоа смалете го ентузијазмот и бидете будни пред можните обвинувања и осуди. Ако се случи ова, повлечете се.

ЈАРЕЦ: Како стар капетан на својот брод, удобно се лулкате во својот стол и внимателно следите што се случува. Денес имате разбирање и такт за другите, иако сте тивки и недостижни. Трпеливо чекате на својата шанса, која ќе се појави во непосредна иднина.

ВОДОЛИЈА: Месечината во вашиот знак ја буди потребата да се изразите, но денес ќе е подобро да си ги сочувате своите размислувања за себе. Околината не е сосема пријателски настроена кон вас, работите се менуваат. Можеби не верувате дека има потреба за тајност, но почекајте малку.

РИБИ: Интензивен социјален живот и шанса да ги употребите своите алатки и умешност за да дојдете до производ. Бидете деликатни при пливањето во овие води, тука се кријат многу спиритуални ајкули, затоа не експериментирајте, туку останете блиску до брегот.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]