ОЈО: 36 лица се гонат за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“

Кривичниот суд е под полициско обезбедување. Околу судот има неколку полициски комбиња, јавува нашиот репортер од терен.

Досега, уапсени се 15-тина лица кои се донесени во судот да дадат исказ. Се очекуваат и нови приведени.

Првите апсења почнале во пет часот утрово, во домовите на уапсените. Во седум часот дел од нив веќе биле изведени пред истражен судија.

Според неофицијалните информации, пратеник се повикал на пратенички имунитет.

Основното јавно обвинителство соопшти дека 36 лица се гонат за кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

„ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција по преземање на сите дејства за утврдување на фактите во врска со настаните од 27 април, ја заврши предистражната постапка. По разгледување и анализа на прибраниот доказен материјал, ОЈО донесе наредба за спроведување на истражна постапка против 36 лица поради основано сомнение за сторено кривично дело“, се вели во соопштението.