Осуденик пронајден мртов во затворот во Идризово

Во Казнено поправната установа Идризово вчера околу 15 часот во бессознание во ќелија бил пронајден осуденикот М.Д.(34) од Тетово.

Како што информира полицијата, М.Д. со возило на затворска служба бил однесен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде од страна на лекар била констатирана смрт.

Телото на починатиот било дадено во судска медицина за обдукција.