Осомничениот за нападот во Утрехт утре пред суд

Холандските обвинители ќе го обвинат осомничениот за нападот во трамвај во Утрехт за „убиства со терористички намери”.

Ообвинетиот Ѓокмен Танис утре ќе се појави пред судија.

„Осомничениот кој е на возраст од 37 години, ќе се појави пред судија в петок, под обвиненија за повеќе убиства со терористички намери, како и обид за убиство и терористичка закана”, се вели во изјавата на Јавното обвинителство.

Исто така, осомничениот ќе треба да мине и психолошка проверка.