Орбан: ЕПП се согласила да не ја исклучува Фидес

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека доброволно се согласил привремено да го стопира учеството на својата партија Фидес во работата на Европска народна партија (ЕПП).

Тој тврди дека ЕПП се согласила да не ја исклучува или суспендира Фидес туку да и дозволи доброволно да учествува во работата на ЕПП додека независната комисија не го заврши прегледот на состојбата поврзана со владеење на правото во Унгарија.

Претседателот на ЕПП, Жезеф Дол на Твитер напиша дека Фидес е суспендирана од Европска народна партија.

– Фидес ќе биде суспендирана веднаш и до следно известување, по денешното гласање на членките на ЕПП, напиша Дол.

Тој додаде дека Фидес е суспендирана со 190 гласа „за“ и три „против“.

Дол прецизираше дека суспензијата значи дека партијата на унгарскиот премиер нема да може повеќе да присуствува на партиските средби, нема да има право на глас ниту да предлага кандидати за функции.