Опозицијата во Албанија ја бојкотираше Резолуцијата за преговори со ЕУ

ТиранаАлбанската опозиција ја бојкотираше Резолуцијата со која се дава поддршка за започнување преговори за пристапување во Европската унија. Само владејачката левичарска Социјалистичка партија гласаше за документот.

Премиерот Еди Рама го нарече бојкот на опозицијата „невиден чин на историски предавство на земјата”.

Опозицијата соопшти дека сака преговори, но, ја обвини владата за врски со криминалот, што ќе им наштети на шансите на земјата. Владата ги негираше овие обвинувања.
Дваесет и осумте членки на ЕУ мора едногласно да се согласат за која било земја да премине во следна фаза од процесот на пристапување кон ЕУ.