Од понеделник подгответе се за дождови
Стабилно и суво време за време на викендот, по што од понеделник ќе настапи нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Од УХМР соопштуваат дека до недела е можна локална појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.
Максималната температура утре ќе се движи од 26 до 36 степени, во сабота од 30 до 36, во недела од 29 до 35, понеделник од 28 до 34, вторник од 29 до 34 и средба од 28 до 33 степени. Минималната ќе се движи од девет од 21 степен, во сабота од 11 до 20, недела од 12 до 21, понеделник и вторник од 11 до 20 и среда од 10 до 19 степени.