Одреден притвор и за Митко Чавков

Екс министерот за внатрешни работи и директор на БЈБ, Митко Чавков доби 30-дневен притвор, по што според извори во истрагата е однесен во истражниот затвор во Шутка.

Чавков прв денеска беше однесен во судот како обвинет за настаните во Собранието на 27 април.

Притвор од триесет дена е одреден и за Игор Дурловски и  за уште тројца од приведените. За две лица судијата не го прифати предлогот за определување мерка притвор, а како мерка за обезбедување присуство им определи мерка куќен притвор.

За останатите лица, за кои се уште не е завршено сослушувањето, по донесено решение на судија на претходна постапка во однос на предлогот на обвинителството, јавноста ќе биде информирана утре преку соопштение на веб-страницата на судот со целосна информација за донесените решенија.