Обид за разбојништво на бензинска пумпа во Илинден

Две непознати маскирани лица рано изутрината се обиделе да извршат разбојништво на бензинска пумпа во населбата Илинден во Скопје.

МВР информира дека вработен на бензинска пумпа ги забележал лицата, кои имале огнено оружје, ја заклучил влезната врата од бензинската пумпа, по што тие заминале во непознат правец. Обидот за разбојништво вработениот на бензинската пумпа во 04:17 часот го пријавил во полиција.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за расчистување на случајот.