Обединетите нации преброаја 258 милиони мигранти

Околу 258 милиони луѓе ги напуштиле своите родни земји и живеат во други земји, што е 49 отсто повеќе од 2000 година, соопшти ОН во новиот извештај за меѓународната миграција.

Двегодишниот извештај на Одделот за економски и социјални прашања беше објавен по повод вчерашниот Меѓународен ден на мигрантите.

Според него, процентот на луѓе во светот кои се меѓународни мигранти се зголемил од 2,8 во 2000 година на 3,4 отсто годинава.

Податоците покажуваат дека процентот на оние кои живеат во земји со висок приход се зголемил од 9,6 проценти во 2000 година на 14 проценти во 2017 година.