Нов Зеланд: Молитви ширум земјата поради нападите во Крајстчерч

Во Крајстчрч и ширум Нов Зеланд денеска се слушнаа муслиманските повици за молитва, седум дена по трагедијата во двете џамии, при што загинаа 50 лица.

Повеќе од 20.000 луѓе се собраа пред џамијата Ал Нур во Крајстчрч, каде што најголем број луѓе настрадаа во минатонеделниот напад.

– Нов Зеланд тагува со вас. Ние сме едно, рече премиерката Џасинда Ардер, пред двоминутниот молк во чест на жртвите.

Во меѓувреме, заменик-премиерот на Нов Зеланд Вотсон Питерс учествуваше на итна седница на Организацијата за исламска соработка (ОИЦ) што се одржува во Турција.