Нивото на Охридско Езеро 20 сантиметри над дозволениот водостој


 Нивото на Охридско Езеро е 20 сантиметри над дозволениот максимален водостој, соопшти УХМР.
Хидролошките мерења покажуваат дека е згфолемено и нивото на Дојранското Езеро, еден сантиметар над договорениот максимален водостој.

Состојбата со реките е поинаква. Некои бележат одредени зголемувања, а други намалувања на нивоата. Црн Дрим кај Ложани е речиси преполовен.