„Неуромедика“ ја доби наградата Best Practise за 2018 од Европското здружение за истражување на квалитет
Европското здружение за истражување на квалитет ја награди приватната поликлиника “Неуромедика“ со наградата Best practise за 2018 година.
На Форумот што се одржа во Брисел, наградата ја подигна д-р Емил Угриновски, сопственик и генерален менаџер на „Неуромедика“.
Во рамки на форумот пред присутните бизнис лидери, дипломати и врвни експерти д-р Угриновски ги презентираше и сподели достигнувањата и професионалните искуства во полето на менаџерските стратегии на „Неуромедика“.
– Наградата од Европското здружение за истражување на квалитет на „Неуромедика“ е само уште една потврда на вложен труд и целосна посветеност на воведување врвно здравство во земјата и регионот кое се темели на непрекинато инвестирање и унапредување на медицинска инфраструктура и непоштедно залагање на целиот персонал – соопштија од „Неуромедика“.
Оваа награда од страна на Европското здружение за истражување на квалитет ја добиваат оние компании кои имаат исклучиво најдобри практики и резултати во квалитетни менаџерски стратегии.