НВО до Могерини: Воздржете се од залагање за етничка размена на територии меѓу Косово и Србија

Повеќе десетина косовски невладини организации упатија отворено писмо на шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, од која бараат да се „воздржи од натамошно залагање за етничка размена на териториите меѓу Косово и Србија“.

НВО од Могерини бараат и да ги преиспита напорите, кои ги вложува со цел нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, а особено се загрижени поради пристапот на ЕУ кон Косово, но и од некои нејзини изјави, кои можат да произведат „исклучително опасни и штетни последици за мирот во регионот и изградбата на косовската држава“.

Во писмото, кое „Коха“ го обави во целост на својата интернет страница, исто така, ја повикуваат Могерини да се воздржи од „едностраните изјави во цел сочувување на кредибилитетот на својата улога како посредник“ во дијалогот меѓу Белград и Приштина.