На тројца соседи им се заканувал со пиштол

Маж на возраст од 62 години, влегол кај соседите и им се заканувал со пиштол, а полицијата го привела.
Имено, во четвртокот, во 16.45 часот во СВР Скопје, било пријавено дека лицето С.П.(62) со пиштол се заканувал на неговите соседи А.Ш.(64), О.Ш.(41) и О.Ш.(62), сите од Скопје. Тие, додека седеле дома, дошол С.П. и почнал да им се заканува.
Тие успеале да го задржат, а полициски службеници го привеле и задржале во Полициската станица Ѓорче Петров. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.