Најдена почината млада жена во Волково

Во четвртокот, во 9.50 часот било пријавено дека има починато женско лице во нива која се наоѓа во непосредна близина на последната автобуска постојка во село Волково.
На местото излегле полициски службеници и било констатирано дека се работи за лицето М.Ѓ.(29) од Скопје, а смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатата било пратено на обдукција.