Најавени нови протести во Грција за името Македонија

Во повеќе градови во Грција најавени се протести на 6 јуни против разговорите за спорот со името. Организатори на протестите се истите кои ги организираа   протестите во Солун и во Атина, но овој пат такви собири нема да се одржат во двата најголеми грчки градови, туку во неколку други, кои засега не се објавени.

Организаторите на протестите велат дека сакаат да ги потсетат властите дека грчкиот народ е против каква било отстапка за името Македонија и бараат да ја почитуваат волјата на народот. Како што соопштија денеска, веќе стапиле во контакт со локалните власти каде што треба да се одржат протестите и побарале поддршка од нив.

Илјадници Грци во јануари протестираа во Солун, а во февруари во Атина со порака “Македонија е грчка„, осудувајќи ги разговорите за компромисно решение на спорот со името.